Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад

Продолжениот викенд кој го преплави градот со гости, ги преплави и дел од охридските плажи со ѓубре. Револт за тоа изразија активистите за заштита на животната сердина од градов, како што велат поразени пред некултурата и немањето на еколошка свест кај несовесните граѓани кои своето ѓубре го оставаат расфрлано на плажите.

 |  Николоска Биљана  | 

Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад. Ова место на крајбрежниот појас од Охридското Езеро, сеуште важи за недопрена природа од човечкиот фактор, ако може и денес така да се каже. Но за жал прекрасниот амбиент го расипуваат несовесни граѓани, кои што за време на викендите уживаат под длабоките сенки на дрвјата, се сончаат и капат, а зад себе ја оставаат нивната комуналната култура и ниска свест за заштита на животната средина. Револт кон ваквата негрижа изрази и активистката за заштита на природата, Мери Нанче. Таа вели дека не може да ја прикрие лутината која што ја чуствува кон лицата кои очигледно намерно ја уништуваат природата.

„Прв пат кога видов ѓубре…покрај толку убавата страна на езерото, а во позадина ѓубре да не ти се верува од каде доаѓа тука. Се активиравме неколку души исчистивме еден дел, но се нема слух по се изгледа но и народот нема култура, ова е дно дна…ова јас не можам да го разберам, јас не можам да разберам како си доаѓаат тука јадат пијат и се оставаат тука…тоа е страшни и јас не можам да го поднесам“.

Мери смета дека комуналната свест кај луѓето треба да се развива од најрана возраст а тоа треба повеќе да биде застапено во образовниот процес.
За жал Охрид во летната сезона се соочува со вакви проблеми, признаваат од Локалната самоуправа. Портпаролот Томе Џамтоски открива дека конкретно за изминатиов продолжен викенд таму имало некаква прослава, според сознанијата до кои дошле тие. Тој истакна дека сметот ќе биде исчистен, но исто така побара помош од месното население, доколку забележат вакви појави навреме да ги пријавуваат, и на некој начин да не дозволат да се случуваат вакви немили настани.

„Реагиравме уште денес, од нашата инспекциска служба, излезе овластен инспектор на лице место, ја констатира состојбата, издаден е налог, јас верувам дека во текот на денешниот ден или најдоцна до утре ЈП Комуналец ќе го подигне сметот

Џамтоски рече дека нивните служби посебно во летниот период кога овој проблем секогаш се актуелизира работат максимално и не можат да постигнат подеднакво на сите места во градов да интервенираат. Тој упати апел дека сепак крајно време е кај секој од нас да проработи свеста за заштита на животната средина, која ја оставаме во наследство на идните генерации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top