Туристичките работници со барања до новата Влада

Дополнителни мерки за промоција и поддршка на туризмот, насочени кон подобрување на имиџот и зголемување на популарноста, односно подобро позиционирање на Македонија како туристичка дестинација на меѓународно ниво, ќе преземе новата Влада на РМ, според најавите на министерот Горан Сугаревски.

 |  Николоска Биљана  | 

Развој на туризмот во државата, проекти за привлекување на странски туристи, се само дел од мерките предвидени во програмата на Новата Влада на СДСМ, за унапредување на туризмот, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Во таа насока, листа на одредени барања подготви и дел од туристичкиот еснаф од градот. Асим Меџедовиќ менаџерот на Фибула рече дека таа листа на барања во форма на документ ќе го достават до Владата и релевантните институции, од каде очекуваат прифаќање на нивните барања како и поддршка во нивните напори за подобрување на условите за работа и решавање на проблемите во туризмот.

„Пред се тука се мисли на намалувањето на ДДВ то за храната и пијалоците, спречувањето на нелојалната конкуренција и човек агенциите, донесување на генералните урбанистички планови за туризмот, како и релевантен маркетинг и презентација на Македонија на највисоко можно ниво пред светските туроператори и ширење на таа мрежа, како на крајот би можеле да имаме што е можно повеќе туристи. Тука исто така мислам и на подигнувањето на свеста за хигиената на ниво на целата држава, исто така и некои образовни мерки со кои што би се олесниле условите за имање на подобар и попрофесионален кадар“.

Ќе настојуваме Македонија да стане вистински туристичка земја со мерки преку кои ќе се зајакне и унапреди авиосообраќајот, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски , додавајќи дека престои период на проверка на досегашната состојба во оваа сфера, вклучително и мерката на субвенционирање на летовите од странство.

„Мислам дека во една поширока прес конференција во натамошниот период ќе објасниме за тоа што се сум видел за овие дена откако сум избран за министер за транспорт и врски. Долнително исто така да направиме се да Р. Македонија после политичката криза коај што беше , да привлечиме голем број на странски туристи бидејќи нашата земја го заслужува тоа и сметаме дека за тоа има сериозни потенцијали тука, не само на двата аеродроми, туку генерално и во градовите да привлечеме колку што е поголем број на туристи

Туристичките работници очекуваат добра сезона која ќе има различен тип на гости како и тоа ќе бидат остварени поголем број на ноќевања во споредба со лани. Тие сметаат дека туристичкиот бисер Охрид, но и воопшто нашата земја се вбројува во дестинации кои претставуваат препознатлив бренд во Европа со што од година во година се зголемува бројот на посетителите речиси на сите пазари на кои сме присутни како туристичка земја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top