Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ
Регулаторната комисија за енергетика денеска ја објави својата најнова одлука за цените на горивата, со кои бензинот во следните две седмици ќе се продава за два денари помалку од денешните цени, а дизелот ќе поевтини еден и пол денар.
Така, цените на „еуросупер-95“ и на „еуросупер-98“ ќе изнесуваат 60,5 денари, односно 62,5 денари. Цената на „еуродизел“ се намалува за еден и пол денар и еден литар дизел-гориво од вечерва ќе чини 46,5 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град