Евро амбасадсорот Самуел Жбогар во посета на општина Охрид

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар во посета на Охрид. Тој оствари средба со градоначалникот Бакрачески и се информира какво е искуството од спроведувањето на проектите кои ги финансира унијата. Проектниот тим од Секторот за туризам и локален економски развој пофален од градоначалникот Никола Бакрачески, пред евро амбасадорот Самуел Жбогар. Нивниот успех бил најочигледен во реализираните проекти од програмата на прекугранична соработка.

 |  Николоска Биљана  | 

Евро амбасадсорот Самуел Жбогар во посета на општина Охрид. Тоа е во рамки на кампањата на „ЕУ за тебе“ , односно посети на делегација на ЕУ на општините во Македонија. Тој оствари средба со првиот човек на градот Никола Бакрачески. На средбата биле разгледани сите заеднички аспекти од соработката на општина Охрид со Мисијата на ЕУ во Македонија, како и можностите за идна соработка. Бакрачески истакна дека во изминатите неколку години и месеци проектниот тим од Секторот за туризам и локален економски развој работел напорно на апликација на проекти до европските фондови, пред се во програмата со прекугранична соработка со Грција на која што успеавле да добијат голем број проекти и истите да ги реализираат.

„Јас сум пријатно изненаден но срдечноста на пристапот на г- динот Жбогар и за понудената помош која во иднина општина Охрид ќе ја има од Комисијата на ЕУ, имавме голем број на дискусии за различни аспекти и проблематики кои во овој момент ја тиштат општина Охрид. Разгледавме бројни аспекти од живеењето на охриѓани, но и од функционирањето на Локалната самоуправа“ – вели Бакрачески.

Евро амбасадорот Самуел Жбогар не штедеше зборови околу тоа како се чуствува во градот со најбогато природно и културно историско наследство, Охрид. Неговите импресии се силни и нагласи дека сите подеднакво треба да се залагаме за заштита на прекрасната природа. Жбогар нагласи дека целта на посетата на општините ширум земјата е, делегацијата на ЕУ да види што прави Унијата за самите општината преку имплементација на различни проекти.

„Денешната посета претставува можност за мене, да видам кои се проекти на ЕУ се реализирани во вашата општина во овој контекс, бидејќи ЕУ е најголемиот донатор на финансиска помош и сакаме да се информираме кое е искуството од спроведувањето на проектите кои ги финансира ЕУ. Исто така преку овие проекти, посети на општини дискутираме заедно со градоначалниците за сегашните и идни потреби на општините “ – истакна Жбогар.

Предизвиците од гледна точка на заштита на животна средина, биле една од поважните теми на дискусија при денешната средба. Евро амбасадорот Жбогар смета дека за нив како ЕУ претставува одлична можност да понудат начини како може да му помогнат на градот на УНЕСКО, во тој дел. Евро амбасадорот денес го посети туристичкиот инфо пулт во близина на главна пошта, рекреативно пешачката патека Студенчишта – Парк и ботаничката градина и кујна во ФТУ Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top