Какво месо на велигденската трпеза?

За Велигденските празници граѓаните не се откажуваат од традиционалното јагнешко месо.

 |  Валентина Нелоска  | 
meso
месо

За Велигденските празници граѓаните не се откажуваат од традиционалното јагнешко месо.

Покрај јунешкото, свинското и пилешкото  месо на престојните Велигденски празници, на трпезата граѓаните ќе го имаат и традиционалното јагнешко месо. Граѓаните, и покрај високата  цена го бараат јагнешкото месо и го купуваат секој според своите финансиски можности.

mesarВо охридските месарници  има квалитетна понуда на јагнешко месо кое се продава по цена од 280 до 300 денари по килограм. Цената на јагнешкото месо  зависи од поднебјето од каде што се набавува, вели Марија Петкоска, од месарницата Римес. По традиција, најбрано е како најквалитетно беровското  јагне, со помала килажа од 6 до 10 килограми.
Побарувачката за јагнешко е иста како и минатата година со тенденција на зголемување  пред се заради стравот кај граѓаните да не се зголеми цената пред празникот. Но, продавачите смируваат дека цената нема да се зголеми.

На Велигден,  покрај црвените вапцани јајца, традиција е на семејниот ручек  покрај разните специјалитети  да го има и печеното месо  и другите специјалитети подготвени од јагнешко месо.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top