Конечно нова седница на Советот на Општина Охрид

По подолга пауза, за понеделник, 19-ти јуни е закажана 71-та седница на градскиот совет, со почеток во 11 часот.Советниците ќе расправаат по 37 точки предвидени со дневниот ред.

 |   | 

По подолга пауза, за понеделник, 19-ти јуни е закажана 71-та седница на градскиот совет, со почеток во 11 часот.Советниците ќе расправаат по 37 точки предвидени со дневниот ред.

Тие ќе треба да се произнесат по предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти.

Пред градските избраници ќе бидат и извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид, за реализација на програмите за поддршка на локалниот економски развој, изработка на урбанистички планови во првите три месеци од годинава, како и извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 и остварувањето на Буџетот на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top