Овој протест е наменет за институциите. Од граѓанска иницијатива „Доста“ бараме одговорни институции кои ќе си ја вршат својата работа согласно своите овластувања.
Овој протест е наменет за институциите. Од граѓанска иницијатива „Доста“ бараме одговорни институции кои ќе си ја вршат својата работа согласно своите овластувања.
Само со одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да придонесeме кон решение на проблемот со струшката дива депонија и идно превенирање од вакви слични појави. Поради горенаведеното Ве повикуваме сите во свое име и име на своите идни поколенија на ПРОТЕСТ ЗА ОДГОВОРНОСТ за загадувањето, стои во соопштението на „Доста“ поставено на социјалните мрежи.
15.06. Четврток пред Општина Струга и Основно Јавно Обвинителство Струга (Основен Суд). Збирно место, паркинг пред Центар за Управување со Кризи (зграда на Народна Одбрана) во 12 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град