Нова туристичка содржина во градо

Спортскo рекреативната манифестација Охрид трчаТ, нова туристичка содржина во градов. Викендов градов пулсираше во духот на спортот и забавата. Охриѓани и туристите силно го подржаа маратонот задоволни што конечно нешто вакво се случи и во нашиот град.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Нова туристичка содржина во градов. Спортската манифестација Охрид трчаТ која за прв пат се одржа викендов атрактивна за гостите, но и за охриѓани кои масовно се приклучија трчајќи по охридските улици. Целта на овај настан кој беше во организација на Асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт е да се промовира здравиот начин на живот и да се оттргне младината од пороците.

Охрид сам по себе е многу убав, има природни реткости и културни знаменитости. Но сепак му недостасуваа содржини. Ние тоа треба да го подобриме со ваков вид на настани. Сите видовме каква енергија дава спортот и во иднина треба што повеќе вакви настани да организираме, вели Иван Цветкоски , претседател на Асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт.

Во манифестацијата беа вклучени граѓани од сите структури. Деца, повозрасни, лица од јавниот живот, видни спортисти. Трчаа и преставници од СВР Охрид.

Со задоволство учествуваме на оваа манифестација. Сметам дека „Охрид трчаТ“ е настан што ќе го издигне градов на домашната и меѓународната спортска мапа. Оваа манифестација е мошне значајна и во областа на туризмот, вели Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

Покрај охриѓани на настанот учествуваа и групи или поединци од други градови на Македонија, како и странци од Романија, Холандија, Италија, Грција, , Чешка и Украина. Битолчани беа во најголем број.

Ние дојдовме од Битола со групата „Турни ме да кинисам“. Тоа е една планинарска еко група која чесо оди по планини и се дружи на манифестации. Целта ни е да ги потикниме младите на здрав живот, вели Влатко Хривалески, планинарско друштво „Турни ме да кинисам“.

Охриѓани силно го подржаа маратонот задоволни што конечно нешто вакво се случи и во нашиот град.

Овој настан е прекрасен посебно за младите луѓе кои треба да ги насочиме да се занимаваат со некој спорт. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму, вели Марино Гогов.

Два тима во трката трчаа за децата со посебни потреби и деца со ретки болести, но имаше и тимови од други невладини организации, друштва, здравствени институции и сл.

Подготовките траеја околу две недели, додека ги собравме тимовите и додека се организиравме. Сакам да изразам благодарност до сите охриѓани кај кои наидовме на голема подршка, вели Гордана Лолеска од Здружението на деца со ретки болести.

Во трката учествуваа околу 450 учесници, а победниците добија симболични награди. Коментарите на сите беа дека настанот бил прекрасно организиран, на едно високо професионално ниво така што интенција е да прерасне во традиционален и да се стави на туристичката и спортската мапа на Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top