Охридското очно одделение врши 1500 прегледи месечно

Без поплаки за услуга, персонал и дијагностика функционира охридското офталмолошко одделение. Врвните специјалисти офталмолози на ова одделение, успеваат да извршат дури 1500 прегледи месечно кај пациенти од регионов.

 |  Николоска Биљана  | 

Офталмолошкото одделение при Општа болница, Охрид има полни раце работа. Месечно на очното одделение се прават дури 1500 прегледи открива главната сестра од ова одделние Јулија Трпковска. Таа вели дека работната атмосфера на нивното одделение е на високо професионално ниво, благодарение на добрата организациона поставеност и залагањето на докторите, да одговорат на потребите на сите пациенти.

„Кај нас има постојано гужва. Нашите доктори се врвни специјалисти, доаѓаат пациенти од Струга, Дебар, преголема фрекфенција имаме, замислете први пациенти 1500 во месецот…тоа е голема бројка

Ова одделение располага и со современа апаратура која што е неопходна за извршување на потребните офталмолошки прегледи, потенцираше Трпковска.

„Имаме прекрасна опрема буквално се што е за дијагностика во офталмологијата. До ден денес јас сум 30 години на очно одделение ние немаме никаков проблем со пациентите или некој да се пожали на нешто рачунајќи од персоналот. услугата и дијагностицирање тоа на очно не е случено“.

На ова одделение сеуште не се изведува зафатот, катаракта на очи, што е еден од најчестите оперативни зафати кај поголемиот дел на пациентите. Трпковска открива дека постапката е во тек, дури во рамки на нивното одделение има и соодветена сала за тоа, каде што во моментов се работат малите хируршки интервенции. Потребна била само набавка на соодветен микроскоп за да се отпочне и со овој зафат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top