Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости

Музејот на охридскиот бисер Филеви, нова туристичка понуда во градов. Речиси да нема турист кој дошол во Охрид и не го посетил овој автентичен простор. Отварањето на овој музеј беше идеја на Михајло Филев кој бил понесен од импресиите од посетата на некои вакви музеи на накит во светот. Во музејот покрај тоа што  можат да се купат убави и уникатни парчиња накит изработен од охридски бисер, може на лице место да се види како бисерот се изработува, со каква емулзија се премачкува, кој е начинот за да се дојде до тие сјајни перли кои красат многу дами.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости. Речиси и да нема турист кој дошол во градов оваа сезона, а кој не ѕирнал што се случува во овој автентичен простор во непосредна близина на катедралната црква Св. Софија. Покрај што таму можат да се купат убави и уникатни парчиња накит изработен од охридски бисер, може на лице место да се види како бисерот се изработува, со каква емулзија тоа се прави, кој е начинот за да се дојде до тие сјајни перли кои красат многу дами. Семејството Филеви веќе 100 години ја негува традицијата на изработка на оригинален охридски бисер и ја пренесува од генерација на генерација. Отварањето на овој музеј беше идеја на Михајло Филев кој понесен од импресиите од посетата на некои вакви музеи на накит во светот, решил да отвори еден таков и кај нас.

Туристичките водичи ги носат своите групи во овај музеј бидејќи ова е навистина нешто ново и интересно за нив и ја збогатува туристичката пониуда на градов. Нашиот музеј е од отворен тип и промоциите се бесплатни. Гостите се многу задоволни бидејќи дознаваат нешто ново и можат да ја видат техниката на изработка на охридскиот бисер по што сме познати во целиот свет, вели Филев.

Во музејот се застапени парчиња накит од самите почетоци кога фамилијата Филеви започнала да се занимава со овој занает, направени се реплики на ѓерданите кои ова семејство им ги подарило на деветте кралици, може да се види и џиновскиот бисер, оксидните бои на бисерите и уште многу ретки парчиња накит кои навистина имаат музејска вредност. Најинтересно од се е да се види постапката како се поврзува школката со емулзијата со која се премачкуваат перлите, а која се добива од крлушките на плашицата. Филев кажува дека занаетите се тие што го воздигнале Охрид и го направиле посебен и дека треба сите да работиме да ги зачуваме.

Многу ми е мило што во последно време се повеќе се дава примат на занаетите. Младите се повеќе се интересираат за нив па се отвараат мали дуќанчиња во кои се возобновуваат старите занаети. Среќен сум што во чаршијата повторно почнува да функционира еснафот и се попрепознатливи сме по она што е наше , старо и автентично, вели Филев.

За охридскиот бисер во семејствата Филеви и Талеви е снимен и филм кој ќе биде промовиран на фестивалот Охридско лето. Со тоа овој наш охридски бренд уште еднаш ќе биде преставен пред охридската јавност, но и пред странците кои го посетуват овој реномиран фестивал.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top