Десет години хумана мисија на охридските лајонисти

Десет години хумана мисија на охридските лајонисти. Во рамки на одбележување на јубилејот, членовите на Лајонс Клубот од Охрид денес организираа три хумантарни средби, офталмолошки прегледи на децата од предучилишна возраст, доделување на 25 пакети на социјално загрозените семејства од градов, а исто така донираа и 100 бели ружи во ОУ „Григор Прличев“.

 |  Николоска Биљана  | 

Година на јубилеи на лајонс движењето. Под мотото „Децата појасно да го гледаат светот“ охридскиот клуб одбележува десет години од своето постоење. Проектот се спроведува и на државно ниво, кој пак е во знакот на 20 годишниот јубилеј, додека пак лајнонизмот во светот бележи 100 години постоење.
Денеска во градинката „Јасна Ристеска“ беа правени офталмолошки прегледи на видот кај најмалите охриѓанчиња. Претседателот на Охридскиот Лајонс клуб, Љупчо Жупан истакна дека навремените офталмолошки прегледи се од големо значење посебно кога тие се прават на возрас кој ја препорачуваат докторите.

„Со денешново и утрешното скенирање опфаќаме 325 деца на возраст од 3 до 6 години. Раното откривање на диоптрија е многу важна ставка во детскиот развој бидејќи како што кажа д- р Соња Филева ако се открие на диоптрија на три годишна возраст може полесно да се корегира за да има понатамошен добар развој на видот кај децата“.

Жупан нагласи дека во континуитет помагаат и донираат современа опрема која им ја олеснува работата на докторите така што најчесто докторите ја посетуваат градинката и таму ги вршат потребните прегледи. Климе Шешо вели дека членовите на клубот водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности, како и афирмација на суштината на лајонизмот, во континуитет преку цела година се ангажираат во организација на многубројни настани и активности.

„Со ова сакаме да помогнеме и да бидеме хумани и да продолжиме со нашите акции за децата појасно да го гледат светот. Годинава имаме повеќе активности меѓу кои садење на бели рози во ОУ „Григор Прличев“, ја имавме олимпијадата во Кичево за деца со посебни потреби“.

Инаку белите рози не само што убаво изгледаат туку тие се и многу корисни бидејќи ги апсорбираат тешките метали од почвата. Климата во Охрид, температурата на воздухот, големиот број сончеви денови и влагата создаваат идеални услови за одгледување на ова цвеќе. Покрај оваа хуманитарна средба, лајонистите денес доделија и 25 пакети на семејствата од ранливата категорија. Хуманитарната забава на Лајонс Клубот Охрид ќе биде утре на плажата Куба Либре.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top