Охриѓани подготвени да трчаат

Се поголем е бројот на граѓани кои се приклучуваат кон спортскиот настан „Охрид трчаТ“. Се е подготвено за овој хепенинг кој ги обедини граѓаните од различни возрасни и социјални категории. Вклучени се и лицата од ранливите категории.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани подготвени да трчаат. Големиот спортски настан „Охрид трчаТ“ кој е во организација на Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги обедини граѓаните од различни возрасни и социјални категории. Досега се пријавени околу 150 охриѓани кои трчајќи сакаат да дадат свој допринос во промоцијата на спортските настани кои се одржуваат во Охрид. Како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови, но и здрава навика за добар психофизички живот. Oвој настан организаторите планираат да прерасне во традиција.

Целта е малку по малку да ја промениме свеста кај граѓаните. Трчањето како спорт го прави тоа. Сакавме да се дружиме сите заедно и оваа година бидејќи настанот е промотивен тој е сконцентриран на охриѓани и желбата нив да ги мотивираме да се приклучат. Според досегашниот интерес јас сум сигурен дека тоа ќе го постигнеме, вели Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ.

Главната трка е 10 000 метри, рекреативна 5000 метри, бизнис тим билдинг трката 5000 метри, школската 1000 метри, а има и детска трка која е од 200 метри, исто толкава е и семејната тимска трка, а ќе имаат можност да трчаат и лицата со попреченост, 100 метри. Учество може да земат професионални атлетичари, рекреативци, ученици од основно и средно образование, разни спортско социјални групи, деца од градинка, бизнис компании и институции. Вклучени се и лицата кои се од ранливите категории.

Тие трки ќе бидат симболични. До 50 или 100метри. Ќе направиме штафетни игри се со цел да направиме инклузија на овие лица. Од разговорите со стручните лица од разни здруженија кои работат со оваа категорија на лица дознаваме дека навистина има потреба од некакви настани кои ќе ги анимираат, а спортот најдобро го прави тоа, вели Цветкоски.

Настанот започнува во четврток на 1ви јуни, а завршува во недела на 4ти јуни. Стартните пакети оваа година се по промотивна цена од 500 ден. за 10 км трката и 300 за 5 км трка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top