Во Македонија има услови за развој на голф, сметаат туристичките работници од Охрид. Бидејќи во нашата земја сеуште нема една ваква спортска содржина, нашите љубители на голфот, уживаат во овој спорт на голфските терени во соседна Бугарија.
Последниве години голфот во соседна Бугарија не само што се разви туку е и магнет за туристите голфери. Покрај англичаните, русите, србите, грците, се поголем е интересот и на македонските туристи кои ги користат прекрасните голф терени кои се во рамки на познатиот туристичкиот капацитет Пирин Голф. Туристичките работници велат дека овој хотелски ресорт од година во година станува се повеќе популарен, посебно кај љубителите на голф.
„Што се однесува до интересот на нашите граѓани од нашата околина, долго време беше потребно да се анимира и популаризира овој спорт, така што во моментов со задоволство можам да констатирам дека интересот на нашите граѓани е се поголем “ – вели Елида Битрак.
Во нашата земја има клима за развој на голфот како спорт, смета Битрак. Но сепак тоа е работа, за која државата треба да се заинтересира, додава Битрак. За да се направи еден голф комплекс, потребна е голема површина, многу вложување, а исто така и одржување, вели Битрак.
Што се однесува до развојот на голфот, искуствата на академските тренери по голф во соседна Бугарија, укажуваат на голем бенефит од овој спорт. Иван Топалов кој 10 години работи како тренер на голфските терени вели дека голфот е една од ретките спортски содржини за која не постои возрасна граница.
„Има апсолутно се развој на голфот, се што е неопходно за највисоко светско ниво. Интересот се зголемува постојано, создаваме нови голфери и тоа ни е функцијата во академијата тоа е нашата работа на тренерите за голф.сакам да кажам дека за голфот нема возраст…нема млади, стари ги обучуваме од секоја возраст, од 5 годишна возрас без лимет. Мојот највозрасен клиент бил на 75 а најмладиот на 3“ – истакна Топалов.
Туристичкиот комплекс Пирин Голф е уникатен за целиот регион на Југозападна Бугарија, вели менаџерот на хотелот Димитар Колев.
„Сите гости кои доаѓаат тука остануваат восхитени од локацијата на комплексот имајќи во предвид дека и Пирин планина е во близина. Локацијата навистина ни дава една голема предност, освен тоа ние се стремиме да направиме еден квалитетен туристички продукт кој ќе биде на едно високо ниво да можеме да бидеме конкурентни не само во Бугарија туку и на Европско ниво“.
Инаку, туристичкиот комплекс Пирин Голф работи 365 дена во годината. Во зимскиот период најчести посетители се туристите љубители на зимските спортови. Додека пак во останатиот период од годината присутен е фамилијарниот туризам, каде гостите уживаат и се релаксираат во нивните големи и раскошни спа центри, опремени по најсовремените европски стандарди, искористувајќи ги термалните води од бањата Банско.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град