Корисниците на Македонски Телеком во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест
Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во вторникот, како последица на невремето, во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.
„Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold.
Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет“, соопштуваат од компанијата.
Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за јуни.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град