Промовирана Националаната студија за води во Охрид

Заштита на животната средина од негативните влијанија на урбаните отпадни води, обезбедување на безбедна вода за пиење и зголемување на какпацитетот за управување со водите се трите основни цели на Националната студија за води. Денес во Охрид пред локалните власти од регионот и компаниите кои работат со вода, беше презентирана националната студија за води во земјава, која е насочена конкретно кон инвестициони проекти.

 |  Николоска Биљана  | 

Промовирана Националаната студија за води во Охрид. Водата за пиење во Македонија има високо ниво на покриеност 90%, но во исто време постои високо ниво на исчезната вода од околу 30-75% заради дотраени водоводни ситеми. Експертите велат дека водата е важна за цела држава, а посебно за охридско – струшкиот регион. Џејмс Хант од ЕПТИСА тим лидерот на проектот вели дека снабдувањето треба да биде со квалитетна на вода за пиење која не само што е важна за граѓаните туку за туристите, додавајќи дека за да се зачува убавината на Охридското Езеро и реката Црн Дрим потребно е да се контролира и загадувањето што се испушта со отпадните води.

„Ќе бидат потребни многу проекти многу време да се спроведе сето ова за да се исполната барањата на Европските стандарди и регулативи, а денес тука сме да им помогнеме на локалните органи на Локалните самоуправи на претставниците на јавните комунални претпријатија подобро да го испланираат овој процес на инвестирање и да подготват документи кои што им се потребни за добивање на средства од ЕУ и од други донатори кои што инвестираат во овој сектор но и од македонските органи и власти“ Ова е процес кој што другите држави членки на ЕУ го имаат поминато во последниве неколку години и морам да кажам дека самиот процес чини многу и бара подолго време“.

Идејата ни е денес во Охрид да промовираме едно упатство или прирачник кој што го подготвуваме и кој ќе им биде доставен на јавните комунални претпријатија и општините со цел тие полесно да можат да го испланираат овој комплициран процес на планирање на инвестиции на барање на средства, пренесува Хант. Тој потврдува дека дека охриѓани и стружани, пијат вода со добар квалитет.

„Имате ем најквалитетна, но и најефтина вода за пиење, но во текот на проектот соработувавме со Министерствот за здравство, со Институтот за Јавно здравје, со Центрите за Јавно здравје и го анализиравме и квалитетот на водата која што се доставува до крајните корисници и можам да кажам дека, да, во право сте, квалитетот на водата што го добивате од чешмите во Охрид и Струга е со добар квалитет

За изработка на оперативна програма за регионален развој на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање во наредниве години ќе мора да најде околу 750 милиони евра неопходни за инвестиции за обезбедување вода за пиење, заштита на реките во земјава и слично со што Македонија ќе ги подигне стандардите за влез во ЕУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top