Паскали Бунташеска: се е шпекулација околу реконструкцијата на Али пашината џамија

Реконструкцијата на Али пашината џамија сеуште актуелна тема во охридската јавност. Денес Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска свика пресс конференција со цел да даде објаснувања во врска со реконструкцијата на џамијата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска денес свика пресс конференција за како што рече еднаш конечно да се разрешеле дилемите на граѓаните околу реконстркцијата на Али пашината џамија која се наоѓа во центарот на градот и да завршат шпекулациите околу ова тема. Бунташеска и официјално ги потврди информациите кои ги објави ТВМ пред неколку дена дека висината на минарето на џамијата навистина ќе биде 32 метри.
Според нашите конзерваторски принципи и според сите закони за конзервација доколку постојат податоци каков бил објектот во минатото ние сме должни според законот да го вратиме во првобитна состојба како што го правиме тоа и со црквите. Минарето точно дека е 32 метри, но според фотографиите кои ги имаме тоа минаре е уште повисоко од ова што ќе го реконструираме, вели Бунташеска.
Бунташеска смета дека висината на минарето нема да ги наруши визурите на градот.
Џамијата буквално останува во истиот габарит дури висината на тремот се намалува за една спратна висина единствено што ќе се направи реконструкција на минарето и тоа не е ништо спорно според нашите закони. И околу имаме минариња па не се нарушени визурите, вели Бунташеска.
На прашањето дали градежните зафати кои моментално се прават на местото на џамијата се нелегални со оглед на тоа дека носителот на проектот охридското муфтиство нема одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски Паскали
За да направиме дополнителни истражувачки работи во врска со стабилноста на објектот неопходно беше да се рушат тие делови кои беа несоодветно изведени,. Сега вршиме конзерваторски работи за што имаме конзерваторско одобрение и тоа е доволно. До наесен кога е планирано да се почне со градба ќе имаме одобрение. ЗА ова е известена и Управата за културно наследство и ако имаше некаков проблем таа досега ќе реагираше, објаснува Бунташеска.
Бунташеска во повеќе наврати потенцира да не се дава никаква политичка конотација на изградбата на Али пашината џамија. Таа на прашањето дали може да се случи поради настанатата политичка ситуација во државава и поради најавите за формирање нова Влада воопшто да не биде дадено одобрение за градба на џамијата од Министерството за Транспорт и врски со одговор.
Мислам дека конзервацијата на културното наследство е нешто друго од политиката и дека таа не треба да влијае врз конзервацијата на поединечно заштитените објекти, децидна е Бунташеска.
Директорката на Завод и Музеј кажува дека Али пашината џамија има решение за заштита уште од 1968год. Прогласена е за поединечно заштитено споменичко добро и изработен бил елаборат за конзервација и реставрација на џамијата и решение за нејзино враќање во првобитна состојба како што била некогаш.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top