Пекар, месар и собарка. Тоа се новите образовни профили во Угостителско туристичкото училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид, кои ќе се изучуваат во учебната 2017 – 2018 год.
Сега кога деветтоделенците се наоѓаат пред една важна одлука каде да го продолжат своето средно образование, професионален тим од угостителското училиште ги посети основните училишта од градов. Заменик директорот Перчо Божиновски вели дека престојната учебна година очекуваат поголем број на уписи на ученици бидејќи смета дека свеста и кај учениците и родителите е поголема, дека нашиот град живее од и за туризмот и дека на еден ученик со диплома од туристичкото училиште, работното место по 18 година му е загарантирано.
„Имаме посета на основните училишта и на учениците им се презентира целокупната настава како образовните предмети така и практичната настава. Им ги презентираме образовните профили она што може да им го кажеме во рамките на презентацијата а за останатите работи им кажуваме да ја отворат фејсбук, веб страница на училиштето, тел броеви, преку цела година сме отворени за учениците, учениците доаѓаат се интересираат посебно оние кои што имаат афинитети па да видат и во нашето училиште како тече наставата“.
Годинава општинското угостителско – туристичкото училиште, во својата наставна програма воведува и нови образовни профили, открива Божиновски.
„Како и секоја година ги има профилите тригодишно и четригодишно образование. Во тригодишното образование се келнер, готвач и слаткар, за нив треба 30 поени а во четиригодишното образование во постоечките профили ги имаме угостителски техничар, хотелско – туристички техничар и угостителски техничар за рурален туризам, за нив треба 45 поени. Покрај овие профили од оваа година нови образовни профили имаме пекар, месар и собарка за нив треба 30 поени“
Ние се стремиме кон образување на квалитетни и стручни кадри од областа на туризмот, како приоритетна и најразвиена гранка, вели Божиноски. Додава дека дипломата која што ќе ја стекнат учениците е и меѓународно призната. Божиноски категоричен дека стручните кадри се лицето на угостителскиот објект.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град