Средба ОПМ и давателите на јавни услуги

На состанокот учествуваа претставници од локалната самоуправа, од јавните претпријатија, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации.

 |  Татјана Маленкова  | 
OPM
ОПМ

На состанокот учествуваа претставници од локалната самоуправа, од јавните претпријатија, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации.

„Заштита на потрошувачите во доменот на услугите од јавен интерес“ беше тема на трибината што ја организираше Организацијата на потрошувачи на Република Македонија во Охрид.

„Во делот на заштитата на потрошувачките права, најголем проблем граѓаните имаат со услугите од јавен интерес, без разлика дали се работи за приватни провајдери или јавни претпријатија на локално и државно ниво“, вели Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи.

OPMЦелта на фокус групите е на едно место од една страна да се седнат потрошувачите, а од друга давателите на јавни услуги. Овој начин на работа покажува кои се локалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

За патот до поквалитетните услуги кои се од јавен интерес, интерактивно учество зедоа потрошувачката организација од Охрид, претставници од локалнта самоуправа, од јавните претпријатија и други провајдери, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации.
Проектот е финансиран од ИТЗ-УСАИД, а за  неговите потреби  ќе се подготват и тези кои Организацијата на потрошувачи ќе ги достави до Владата на Република Македонија и до ресорните министерства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top