Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност

Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето на Али Пашината џамија која се реконструира, но вели дека ќе се гради минаре какво што тука постоело во минатото. Одобрението за граднба од Министерството за транспорт и врски треба да биде добиено најдоцна до наесен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност. Деновиве се поставуваат многу прашања околу нејзиниот изглед, висината на минарето за кое се шпекулира дека ќе биде високо 32 мери, а граѓаните прашуаваат и дали е добиено одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој верски објект кој се наоѓа во центарот на градот.
Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето но вели дека ќе се градело минаре какво што тука постоело во минатото.

Ќе се направи реконструкција на минарето кое постоело за што постојат и фотографии врз основа на што е изготвен проектот и ќе го реконструираме минарето онакво какво што било. Ќе се направи комплетна конзервација на објектот и ќе го вратиме во првобитна состојба таков каков што бил некогаш. Проектот е изработен според Законот за заштита на културно наследство и според сите конзерваторски принципи за конзервација на еден објект. Така да тоа што постои некаква фама во јавноста за висината на минарето нема никаква основа бидејќи сето тоа што се прави е сосема легално, законски бидејќи во нашите закони стои доколку постојат податоци каков бил објектот кога се изградил има можност за негова реконструкција, вели Паскали Бунташеска.

На прашањето дали носителот на проектот охридското муфтиство има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски Паскали бунташеска со објаснување: За минарето ќе се правеле дополнителни истражувачки работи и тој проект ќе биде испратен во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИС во Скопје. Врз основа на нивните анализи ќе биде поднесено барање до Министерството за транспорт и врски за добивање одобрение за реконструкција на минарето.

Моментално сеуште се прават подготвителните работи, се рушат несоодветните делови, се вршат конзерваторските активности, а некаде после септември, октомври ќе се отпочне со реконструкција на деловите кои треба да се реконструираат, а до тој период ќе го добиеме одобрението за градење, вели Паскали Бунташеска.

Бидејќи во непосредна близина на џамијата се наоѓаат остатоци од стара базилика Бунташоска објаснува дека тие воопшто нема да бидат зафатени со градежните активности,а оние пак кои се наоѓаат на местото на џамијата ќе бидат соодветно заштитени. На терен е ангажиран конзерваторски и археолошки надзор кој постојано контролира што се прави и нема во никој случај да се дозволи да биде нешто уништено.

Директорката на Завод и Музеј кажува дека Али пашината џамија има решение за заштита уште од 1968год. Прогласена е за поединечно заштитено споменичко добро со пропишан режим за заштита. Изработен бил елаборат за конзервација и реставрација на џамијата и решение за нејзино враќање во првобитна состојба како што била некогаш.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top