Охрид трчат. Под ова мото во нашиот град ќе се одржи спортско рекреативен настан на кој ќе можат да учествуваат сите граѓани од 7 до 77 години. Деновиве во медиумскиот етер граѓаните имаа можност да гледаат видео спотови со неколку познати личности од градов, кои ја изговараат реченицата И јас сум дел од тоа. Денес на прес конференцијата која се одржа во малата општинска сала организаторите, Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, открија за што станува збор.
Градот се подготвува за големиот настан „Охрид трчаТ“. Организаторот, Асоцијација за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ најавува настан кој ќе остави белег во нашиот град. Настанот е од спортско промотивен карактер и основна цел е да се даде допринос на растечката тенденција на спортски настани кои се одржуваат во Охрид, вели Иван Цветкоски од Асоцијацијата. Додава дека како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови но и здрава навика за добар психофизички живот.
„Ние како асоцијација осетивме клима и потреба за реализација на еден ваков настан и јас сум убеден дека со се она што ќе го презентираме денеска и ќе го покажеме од 01 до 04 јуни сите заедничи ќе бидеме дел од овој голем настан“ -вели Цветкоски.
На овој настан кој организаторите планираат да прерасне во традиција, му претходеше промотивно видео со познати имиња од градов меѓу кои и др. Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека, пред се, како градоначалник ја препознал идејата на организаторите и ја прифатил понудата вклучувајќи се и самиот во оваа манифестација.
„Не го кријам своето воодушевување од презентацијата на оваа манифестацијата со оглед на тоа што беше краток временскиот период за организација на сите овие подготовки, претпоставив дека идејата, визијата која ја имаат организаторите и целите кои што се постигнуваат се од огромно значање не само за спортот во Охрид туку и за промоција на градот како бренд и за збогатување на туристичката понуда на Охрид“- исткна Бакрачески.
Техничкиот дел од настанот во кратки црти го презентираше Антонио Додоски од Асоцијација за спорт.
„Пријавувањето за трката е отворено интернационално преку порталот smartrece.club е адресата за пристап на овој портал. Тој портал има голема мејлинг листа на луѓе кои се дел од трчачката заедница пошироко од балканот, таму има луѓе кои трчаат на разни трки, маратони насекаде низ балканот така што се надеваме дека ќе привлечеме внимание“ – вели Додоски.
Главната трка е 10 000 метри, рекреативна 5000 метри, бизнис тим билдинг трката 5000 метри, школската 1000 метри, а има и детска трка која е од 200 метри, исто толкава е и семејната тимска трка, а ќе имаат можност да трчаат и лицата со попреченост, 100 метри. Учество може да земат професионални атлетичари, рекреативци, ученици од основно и средно образование, разни спортско социјални групи, деца од градинка, бизнис компании и институции. Стартните пакети оваа година се по промотивна цена, 500 ден стартен пакет за 10 км трката и 300 за 5 км трката, информираат од Асоцијацијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град