„Отекс“ на државата и должи скоро 11 милиони евра.
Над 4.400 фирми и граѓани се на последната листа на должници кон државата на Управата за јавни приходи.Тие на државата ѝ должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ ,данок на добивка, персонален данок на доход. На најновата листа најголем должник е охридски „Отекс“ со долг од 696 мил денари или 11,3 милиони евра. Втор на листата е ЈП„Македонија пат“ со долг од 7 милиони евра.
Меѓу должниците се уште е и МРТ со долг од 1,5 милиони евра и повеќе други јавни претпријатија, фирми во сопственост на државата кои се загубари како и фирми во стечај.
Исто така на листата должници на УЈП се наоѓа и Општинското јавно претпријатие „Биљанини извори“ со вкупен долг од 10,827,681 денари.
Листа на должници се однесува на долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатени до 30.04.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Ваква листа на должници УЈП објавува еднаш во месецот, најдоцна на 10-ти, на својата веб страна а согласно член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници. На листата се наоѓаат вкупно 4417 должници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град