Каде е флексибилноста

Мајка на дете згрижено во детската градинка „Јасна Ристеска“ се жали на непрофесионално однесување од страна на директорката на оваа воспитна установа. Непријатното искуство на родителот го потврдуваат и вработени од градинката. Додаваат дека и односите внатре во колективот се нарушени поради начинот на раководење на директорката Роза Костоска.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Родител чие дете е згрижено во градинката „Јасна Ристеска“ реагираше до нашата редакција на како што вели, некоректниот однос на директорката на оваа предшколска установа, Роза Костоска. Мајката која задоцнила 10 минути од дозволеното време за прием на децата, а тоа е 8.30 часот буквално била вербално нападната од директорката и тоа пред нејзините две деца на возраст од три и четири години. Не и било дозволено воопшто да објасни зошто доцни и дека има оправдана причина за тоа, само и било речено дека децата нема да бидат згрижени. Мајката реагира на нефлексибилниот однос на Костоска која како прв човек на една ваква установа треба да биде потолерантна. Напоменува дека нема законска одредба со која се лимитира времето на прием на деца иако се согласува со тоа дека градинката мора да има куќен ред, но и разбирање доколку родителите имаат оправдана причина за закаснувањето или пак истото претходно го најавиле. Револтот кај мајката е уште поголем што истиот ден друго дете кое исто така задоцнило било примено од службениот влез со што се прави селекција меѓу децата, а и меѓу родителите.

Ваквите забелешки ни ги потврдија и некои од вработените. Велат дека директорката со наредба им наложила да не примаат деца после 8.30 часот, а доколку примат ќе бидат казнети. Ваквата нефлексибилност го доведува во прашање и односот помеѓу воспитувачките и родителите.

Воспитувачка во градинката вели дека не е честа појава родителите со закаснување или без најава дека оправдано ќе задоцнат да ги носат своите деца, но додава дека кога ќе се случи тоа , приморани се за да не бидат казнети да не го примат детето и буквално да се кријат од родителите и да не им одговараат на телефонските повици во моментот.
Вработените велат дека поради начинот на кој директорката раководи со градинката во голема мера се нарушени меѓучовечките односи во една установа каде се згрижуваат најмладите кои треба таму да стекнат основни навики на однесување.

Револтираната мајка веќе подготвува преставка против директорката на градинаката „Јасна Ристеска“ која ќе биде испратена до Градоначалникот, до Министерство за труд и социјала и до Управниот одбор на градинката.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top