Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња. Истакнати беа условите во училиштето, постигнатите успеси, безбедноста, едносменското работење и други предности со кои училиштето ги придобива новите ученици.
Основното училиште Св. „Климент Охридски“ започна со своја промоција пред родителите кои имаат првачиња. Во градинката „Јасна Ристеска“ им ги презентираа предностите на оваа образовна установа и условите кои таму се нудат. Оваа година при прзентацијата акцен ставаат на успесите кои ги има постигнатo училиштето.
Минатата недела на државните натпревари најголемиот број на први места ги освоија учениците токму од нашето училиште. Тоа зборува за реформите кои ги направивме и за трудот кој наставниот кадар континуирано го вложува. На регионалните натпревари освоивме вкупно 26 први места со што освоивме и пласман на сите државни, вели Јордан Пуроски- директор на ОУ Св. „Климент Охридски“.
Од наредната учебна година се планира во ова училиште во прво одделение да се запишат околу 50 ученици во две паралелки. Покрај просторните услови кои постојано се подобруваат многу се полага и на квалитетот на наставниот кадар како и на функционирањето на специјалните паралелки во кои се згрижени деца со посебни потреби.
За прв пат во нашето училиште имаме и инклузивен дефектолог кој работи не само со деца кои имаат некакви пречки во развојот туку и со оние кои имаат проблем со концентрација се хиперактивни и тн., вели Пуроски.
Ова е единствено основно училиште во градов каде има топол оброк, има продолжен прстој кој работи до 17. 30 часот, истакната беше и безбедноста во училиштето, хигиената, а како најголема придобивка беше потенцирано едносменското работење со што многу им се олеснува на учениците кои одат на училиште само претпладне па имаат повеќе време за школски и воншколски активности. Училиштето деновиве ќе се презентира и во другите градинки низ градов, а посебно ќе стави акцент на оние кои припаѓаат во реонот каде тоа се наоѓа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град