„Ден на Македонија“ во Италија

За прв пат здружението на македонците кои живеат во Италија „Аминта“,  во градот Виторио Венето, достоинствено го претставија нематеријалното културно богатство на нашата земја како и  гастрономските специјалитети на Македонија. Учесниците и гостите на таканаречениот „Ден на Македонија“ воодушевени од македонските специјалитети но и од песните и ората од овој регион.

 |   | 

Новоформирано Здружение на нашинците кои живеат и работат во градот Виторио Венето и неговата околина во Италија, достоинствено го претставија нематеријалното културно богатство на нашата земја како и гастрономските специјалитети на Македонија. Здружението „Аминта“, а со поддршка на асоцијацијата на граѓански здруженија од градот, која во себе вклучува 47 организации, го организираа таканаречениот „Ден на Македонија“, настан кој имаше хуман карактер.

„Секако без тавче гравче, сарма, ѓомлезе не може да се замисли претставување на нашата земја, приредивме една трпеза, за која можам дека кажам дека беше гозба не само за очи туку и за вкус, поставивме маси во боите на Македонија, на нашето знаме.“, вели Билјана Колоска – потпретседател на здружението „Аминта“.

Неизстанало воодушевувањето на гостите од македонските традиционални гастрономски специјалитети, во часот предвиден за дегустација, објаснува потпретседателката Колоска. Од асоцијацијата „Аминта“ на настанот бил презентиран и дел од нематеријалното културно богатство на нашата земја. Имено во рамки на здружението функционира и КУД, „Аминта“ кое засега брои 6 членови, кои ја плениле публиката со ората и танците од струшкиот регион.

„Девојките беа облечени во струшките носии. За присутните беше еден спектакл. Тие сакаа да ги видат тие парите, герданите кои беа поставени ги гледаа со љубопитност, дури и на наше изненадување, и градоначаникот стана да ги види како се изработени“ додава Колоска.

Колоска потенцира дека се планира зголемување на членството на КУД „Аминта“, како и ангажирање на кореограф. Од „Аминта“ објаснуваат дека иако на аматерски начин, нашата држава беше претставена во вистинско светло и благодарение на промотивните материјали кои ги добиле од Агенцијата за иселеништво на РМ гостите имале можност да ѕирнат во најубавите туристички места во земјата. Во план е и организирана екскурзија во Македонија. Инаку, Здружението „Аминта“ се формира на 18-ти ноември 2015 година во градот Виторио Венето- провинција Тревизо, во северна Италија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top