Охриѓани добро обучени за пружање прва помош

Охриѓани добро обучени за пружање прва помош. Посебно младите се заинтересирани да се обучат како да помогнат кога е најпотребно. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. Тој е во организација на Црвен крст Охрид каде во текот на оваа година биле обучени 200 младинци.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани посебно младите заинтересирани да се обучат како да пружат прва помош. Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст, 20 до 30% од населението знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. На седум пунктови низ градов, младите активисти од Црвен Крст заедно со учениците од основните и средните училишта кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. Годинава околу 200 млади биле обучени за давање прва помош, биле вклучени во вежбите на совладување на техниките, а на натпреварот учествуваа околу 60тина деца, во 13екипи во категориите подмладок и младина.

Натпреварот е со цел да ги поттикнеме младите да даваат прва помош и да размислуваат колку е добро чувството да се помогне некому кому му е потребна помош. Некои деца вчера имаа прелиминарни натпревари, затоа што има повеќе екипи, а процедурата е на денешниот натпревар да има една до две екипи од секое училиште, дополнува Точко.

Во организацијата на Црвен крст се вршат обуки за прва помош за кандидатите за возачи и кандидати, кои според Законот за работни односи, имаат обврска на работното места да даваат прва помош.

Не е само еден курс, туку знаењата постојано се обновуваат. Најголем дел од тие 20-30% се млади луѓе, кои гледаме уште од основните и средните училишта, на некој начин да ги научиме за укажување на прва помош. Првата помош е вредна рабта, која треба да се знае, основна работа за живот и на која многу се придава важност во светот. Знам дека сите оние млади, кои научиле прва помош, бараат од нас сертификати, кој им користи при уписи на факултети, пријавување на било какви студии. Битно е за секој човек да знае да укаже помош, затоа што не се знае, несреќите се случуваат и во домот и на улица, а добро е да знаеме да интервенираме, објаснува Точко.

Натпреварот го оценуваа вкупно 18 судии лиценцирани од Црвен крст, како и медицински лица, кои се грижеа за исправноста на самиот натпревар и ги оценуваа екипите. Младите се натпреваруваа во две категории: категорија подмладок, за деца од основните училишта и категорија младина за деца од средните училишта. Во категоријата подмладок првото место и припадна на екипата од ОУ „Христо Узунов“, а во категоријата младина прво место и учество на државниот натпревар по прва помош освои екипата од гимназијата св.Климент Охридски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top