На охридскиот аеродром пристигнаа првите туристи од Холандија

Пристигнаа првите туристи од Холандија. Од авиокомпанијата Корендон најавуваат зголемување на бројот на туристи дури за 20% доколку состојбата во земјата е стабилна. Слични се очекувањата и на градоначалникот Бакрачески, и од ТАВ очекуват добра летна сезона за 2017 год.

 |  Николоска Биљана  | 

Пристигнаа првите туристи од Холандија. На охридскиот аеродром Св.Апостол Павле денес од Амстердам слета првиот сезонски чартер лет на авиокомпанијата Корендон со 180 патници. Традиционално и годинава, ТАВ на холандските туристи им приреди свечен дочек со воден мост, македонска закуска со леб и сол и колачи. Дел од гостите за прв пат доаѓаат во прекрасниот Охрид.

„За прв пат сум во Македонија. Слушнав од промоција на Корендон“ – вели еден од туристите.
Прв пат сум во Охрид, не знам многу за него. Занам за Македонија од изборот на песна за евровизија. Очекувам да имаме убаво време.
Трет пат сум во Охрид. Го одбрав Охрид бидејќи е убав, тивок и има убава природа.
Доаѓам втор пат во Македонија, минатиот пат бев во Скопје, а сега во Охрид. Еден од моите најдобри пријатели има жена од Македонија и сега и ние ја сакаме ова земја.

Намерата ни е да го промовираме Охрид бидејќи веруваме дека тој е бисерот на Македонија вели генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој. Додава дека со нивните активности очекуваат бројот на патници да се зголеми на 200 000.

„Очекуваме да придонесеме кон развојот на Охрид од економски поглед со тоа што ќе привлечеме што е можно поголем број туристи на што и нашата маркетинг служба напорно работеше така што навистина ќе дадеме свој придонес со соработката што ја имаме со Владата, државните агенции и градоначалникот на Охрид.

Чест ни е да ја отвориме годинешнава туристичка сезона во Охрид и Македонија, вели Асим Меџедовиќ, директор на Фибула Аир Травел.

Оваа година букирањето и интересот за Македонија е навистина зголемен и очекуваме доколку се се одвива онака како што треба, доколку имаме стабилна ситуација во земјава, некаде 20% да имаме повеќе туристи пристигнати преку тур операторот Корендон и ленд операторот Фибула. Би сакал да го истакнам придонесот кој што го има ХОТАМ како здружение заедно со хотелиерите кои што имаат значаен дел и придонес во оваа работа и се надевам дека ќе напредуваме и ќе донесеме од други земји туроператори и Македонија ќе ја стават на мапата во нивната понуда

Првата група холандски гости ги пречека и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Тој изрази голема благодарност до сите оние кои допринесоа за воведување на оваа авио линија.

„Според најавите на сите релевантни структури во туризмот во Р Македонија, за очекување е бројот на гости кои што ќе слетуваат на охридскиот аеродром од земјите како Холандија, Белгија, Англија, Швајцарија, Полска, Израел и други европски дестинации, оваа година ќе биде значително поголем во однос на минатата година“

На новинарско прашање дали актуелната состојба во нашата земја со политичката криза би имала влијание врз туризмот, Бакрачески е оптимист. Тој смета дека набрзо нашата земја ќе излезе од кризата преку разумен дијалог на сите политички релевантни фактори во земјава. Инаку, очекувањата на ТАВ се дека оваа летна сезона на охридскиот аеродром да слетаат 183 авиони од Амстердам со авиокомпанијата Корендон и ТУИ кои ќе донесат над 28 000 холандски туристи кои ќе летуваат на Охридското Езеро. Исто така од од мај до октомври се очекуваат околу 2000 патници од Брисел, 2300 патници од Белград и околу 2600 од Тел Авив.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top