Во контекст на обновената традиција за струшката Еордија, која осми пат по ред е збогатена и со присуството на светите мошти на Великомаченикот Георгиј, ктиторската Вечерна богослужба ќе започне на 07 мај во 16:00 ч. во храмот посветен на Св. Вмч. Георгиј Победоносец во Струга, после што ќе следи молитва за ктиторите.
Во контекст на обновената традиција за струшката Еордија, која осми пат по ред е збогатена и со присуството на светите мошти на Великомаченикот Георгиј, ктиторската Вечерна богослужба ќе започне на 07 мај во 16:00 ч. во храмот посветен на Св. Вмч. Георгиј Победоносец во Струга, после што ќе следи молитва за ктиторите.
На Литијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на својствен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Георгиј како покровител на полициските сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност секогаш се тука да го чуваат мирот и безбедноста во нашата заедничка Татковина. Помеѓу возилото и Литијата ќе дефилира на коњ посебен редар и најавувач на процесијата, со палмова гранка во раката како символ на мирот, кој всушност, не го претставува Св. Георгиј Победоносец, туку само ќе биде облечен во традиционална римска трибунска облека од времето кога живеел Светиот. Оваа облека е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, а е дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска Империја. На чело на самата Литија ќе биде член од Бигорското братство кој ќе го бие клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворната икона на Св. Георгиј Победоносец, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј и други Митрополити, и најпосле, најголемата светиња – моштите на Светиот во раскошно украсениот епитаф.
Оваа година моштите на Светиот Победоносец Георгиј, покрај тоа што ќе бидат носени од страна на видни струшки граѓани, ќе бидат придружувани и од четворица таканаречени сердари (чувари на моштите на Св. Георгиј), облечени во традиционална мијачка носија, со ќостек на градите на којшто е претставен ликот на Св. Јован Крстител, што е всушност и обновување на оваа капетанска служба, којашто и порано постоела при Бигорскиот манастир и имала улога да го заштитува истиот. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, исто така облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Св. Георгиј Победоносец.
Со цел да се запази редот на Литијата, оние што нема да можат да се вклучат во самата Литија заради мноштвото народ, пожелно е да му оддадат достојна почит на Светиот, стоејќи на обете страни на улицата и поздравувајќи ги моштите со фрлање на цвеќе, бидејќи тоа е еден одличен начин достоинствено да се пречекаат моштите и така да се стекне благословот на Св. Георгиј.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град