Охриѓани денес се потпишуваа за поддршка на граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи. Иницијативата за овој настан е на Цивил Медиа од каде појаснуваат дека документот се заснова на политиките и практиките за заштита на човековите права и слободи, почнувајќи од универзалната декларација за човекови права.
Граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи денес претставена пред граѓаните на Охрид. Иницијативата за овој настан е на Цивил Медиа од каде појаснуваат дека оваа повелба е документ кој ја реафирмира потребата од подобрување на условите, во кои граѓанското дејствување се гледа во последните години како жртва на сериозен притисок, како политички, така и од бизнис структурите.
Граѓанската повелба е глобален документ, со кој се реафирмираат човековите права и слободи, потребата на граѓанките и граѓаните да учествуваат во донесувањето на одлуките на локално и национално ниво, вели Џабир Дерала од иницијативата Цивил медиа.
Цивил Центар за слобода е меѓу првите 50 организации во светот, кои ја потпишаа и и пристапија на оваа граѓанска повелба и воедно е организација која е меѓу пионерите, кои ја промовираат оваа повелба на национално ниво, со посета на општините, каде ја нудат на потпис на граѓанките и граѓаните.
Граѓанските капацитети треба да извршат позитивен притисок на структурите како во политиката, така и во бизнисот, да го ослободат јавниот простор и воопшто просторот за граѓанско делување и да му дадат димензија која иманентно му припаѓа. Освен тоа, ние во рамките на проектните активности, ја промовираме социјалната правда, екологијата, овие две сфери се обидуваме да ги доближиме, објаснува Дерала.
Од неодамна е воведена и новина, а тоа е фото и видео петиција, каде граѓанките и граѓаните освен што можат да се потпишат на повелбата, можат и да се фотографиираат и да дадат своја изјава. Документацијата ќе оди во Меѓународниот центар за граѓанско општество во Берлин. Документот се заснова на политиките и практиките на заштита на човековите права и слободи, почнувајќи од универзалната декларација за човекови права.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град