Проблемот со нелегалната депонија во Струга потребно е да се искачи на централно ниво сметаат од струшката граѓанска иницијатива. Тие дури укажуваат и од потребата на свикување на итна вонредна сеница на ниво на Влада каде ќе се дискутира за тоа.
Граѓанската иницијатива за решавање на проблемот со струшката депонија, покрај што ја мобилизира градската власт за надминување на проблемот, укажа и на големата потреба од вклучување и на централната власт. Глигор Ќато, дипломиран правник по професија смета дека постои правна празнина во Законот, поради фактот што нашата земја нема доволно легални депонии.
„Во Р. Македонија според моите сознанија имаме само две легални депонии, Дрисла во Скопје и во Русино. Ние прво немаме легални депонии. Тука одма се јавува проблемот на согласности од соодветни министерства, а да не зборуваме за потребата од финансиски средства.
Ќато смета дека како што Владата свика итна седница за замрзнатите овошки, под итно треба да свика и вонредна седница на која што ќе се разговара за решавање на проблемот со струшката депонија која секој ден го загадува воздухот на неговите сограѓани.
„Сигурен сум дека наредното спалување од ваков вид би било од многу поголеми размери кои што би биле катастрофални и по животната средина во Струга и околината и по здравјето на луѓето. Да не дозволиме Струга да биде како што порано беше Велес, а верувајте тоа што беше Велес порано, ако дозволиме вака да биде во Струга тоа ќе биде бајка во споредба со тоа што би можело да се случи“
Најалармантно според Ќато е тоа што водата од подземната депонија оди дирекно во Охридското Езеро, кое е само на еден километар од депонијата и истото го загадува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град