Светскиот ден на Ромите се слави и во Охрид

Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите.

 |  Тања Кувенџиска  | 
romi
роми

Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите.

„Она што се уште не се променало е односот на околината кон нас“, велат членовите на ромското семејство Шемо.

„И ден денес има поединци кои го оспоруваат нашиот идентитет. Тоа е навистина апсурд со оглед на фактот дека живееме во едно ново време- во 21 век“, вели најстариот член на ромската фамилија Шемо.

Тој се надева дека разликите наскоро ќе исчезнат.

„Среќен сум што за разлика од минатото, сега ромите го продолжуваат своето средно образование и стануваат академски граѓани. Дел од нив веќе се вработени во државната администрација, а некои од нив станаа и дел од македонската влада“, потенцира Шемо.

Жените ромки денес уживаат поголема слобода од колку во минатото.

smejstvo Semo„Променета е и улогата на жената ромка која во минатото ја немаше истата слобода и право како сега“, вели сопругата Ремзие.

Ремзие и Неврус признаваат дека за нив најголемо задоволство е времето да го минуваат во друштво на своите внуки.

Инаку, 8- ми април се одбележува како светскиот ден на Ромите, а од минатата година е  и државен празник во РМ. Ромите потекнуваат од Индија. Самото име има ознака на етничка припадност. Постои верувањето дека ромите името го добиле по Рама, легендарниот јунак од староиндискиот еп Рамајана.
Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи нивниот број во Европа се движи помеѓу 12- 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите на југоисточна Европа. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија, Грција и Македонија.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top