Црковните споменици во охридско кои датираат од 10 до 19 век се наоѓаат во лоша состојба, алармира Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност од Охрид. Тој кажува дека нашите рурални средини изобилуваат со споменици на културата дури и пред доаѓањето на Св.Климент во Охрид, кој изградил три колкални цркви во Злести и Издеглавје.
Работниот век на Гоце Ангеличин Жура крие непроцентото познавање на црковните споменици. Секојдневно истражувајќи го ова наследство во охридско, смета дека јавноста треба да знае за нивната големина и вредност. Жура укажува дека црковните споменици во руралните средини иако се мали по димензии, значајно е што таму и по доаѓањето на грчката патријаршија во 11 век, се зборувало на словенски, а не на грчки јазик. Тој открива дека вистинско богатство што воопшто го нема ниту во Византиската уметност во Европа е црквата Св.Никола во Велмеј, каде фреските датират до 13 век, а црквата Св Ѓорѓи во Речица крие непроцентео богатство до 14 век. Но Жура ја открива неговата загриженост за фрескосликарството и иконописното наследство во овие цркви кои во последно време се загрозени, пред се поради негрижа од страна на човечкиот фактор.
„За жал сите фрески се распаѓаат пропаѓаат. Таму на западната страна кога влегувате преку целиот ѕид се претставени маченици, светители, светителки во цел раст. Таква богата групација на светители не наоѓаме во ниедна црква ниту во охридска цркава. Значи црквите не се за занемарување. Видите црквата Богородица во Велестово, на јужната страна насликан Св Климент, чудотворецот, заштитникот на Охрид, до него Св Никола, тие се насликани во 1444 година 1451 на двапати таму се ктиторите напишани значи извонреден живопис“
Жура пренесува дека во 1992, 1993 година успеале да ги конзервираат фреските во црквата во Врбјани која потекнува од 1605 год, каде што имало прекрасен живопис и успеале да го спасат. Тој ја пофали неговата колешка Ленче Мојсовска, која додека била раководител ја конзервирала црквата Св.Никола во Косел и СиСвети во село Лешани, мали стари цркви од 15 век.
„За жал и ден денеска многу пропаѓаат фреските во црквата Св Ѓорги во Годивје. Таму има еден велелепен живопис, таа потекнува од 1452 година, потпишан имаше натписи од охридскиот архиепископ Никодин, но интересно е што за жал пропаѓаат фреските јас на моите последни истражувања пред да одам во пензија, значи трагедија таму ликови на Св Климент, не знаете што крие… надворешната архитектура, но за жал пропаѓа. Селаните си метат да некажам што“
Жура смета дека за сите црковни споменици во руралните средини би требало да се направат монографии, бидејќи тоа го заслужуваат. Тој укажува дека во поново време никнуваат нови црковни споменици на секој чекор, што според него не е во ред од аспект што првенствено би требало да се вложува во реконструкција или заштита на постоечките црковни споменици, за да не ги прегази времето.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град