Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоз

Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид ќе биде ревидирана. Таа беше донесена во 2014та и важеше до крајот на минатата година. Бидејќи ХИВ/СИДА е глобален и сериозен проблем  бара координиран и сеопфатен пристап, како на локално, така и на национално ниво, велат од Опција Охрид, граѓанско здружение кое години наназад се занимава со овој проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината.

Планот кој го изготвивме во 2014 ги содржи сите елементи, има и финансиска конструкција и е навистина квалитетно направен. Затоа тој план останува и понатаму со некои мали измени и дополнувања. Значи само ќе се изврши ревидирање на стариот план, а нема да се изготвува нов, вели Јулијана Настоска, социјален работник од Здружението Опција од Охрид.

На работната средба присуствуваа релеванти претставници од повеќе државни установи на локално ниво, претставници и советници од локалната самоуправа на град Охрид и здруженија на граѓани. Овој работен состанок беше во согласност со активностите предвидени со програмата: застапување, комуникација и социјална мобилизација, која е во рамките на проектот: одржување ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој, и е во согласност со потпишаниот договор меѓу ЗГ Интеретник проект (ИПГ) – Гостивар и Општина Охрид. Програмата се имплементира со поддршка од Министерството за здравство на Република Македонија и грант на Глобал фонд од Женева.

Треба посериозно вмрежување и посериозен пристап кон оваа проблематика бидејќи до крајот на 2017та год единствениот донатор на овие програми, Глобал фонд си зминува. Затоа на нашите состаноци секогаш апелираме за една поголема поддршка од локалната и од Министерството за здравство и Министерството за труд и социјала. Се надеваме дека ќе имаат слух и дека овие програми ќе продолжат и по 2017та год., вели Настоска.

ХИВ/СИДА е глобален и сериозен проблем од повеќе аспекти, и бара координиран и сеопфатен пристап како на локално, така и на национално ниво. Потребата за опстојување и продолжување на овие значајни програми за намалување на штети од употреба на дрога и програми за поддршка на сексуални работници е повеќе од значајна за превенција од ХИВ. Опција е единственото здружение на граѓани кое долги години работи на оваа проблематика, со 2 дневни центри во Охрид и 1 дневен центар во Струга

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top