Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници

Охридскиот регион засега безбеден од епидемија на мали сипаници. Тоа доаѓа од фактот што процентот на имунизација од оваа заразна болест во регионов е висок. Епидемиолозите апелираат сите кои не се вакцинирани да го сторат тоа бидејќи морбилите ги има се повеќе во земјите кои не опкружуваат.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација.

Тоа пред се се должи на стравот на родителите да ги вакцинираат своите деца поради поврзаноста на вакцината со аутизмот. Иако се докажа дека всушност вакцината нема никакво влијание врз појавата на аутизмот кај децата, стравот остана па голем дел од родителите ја избегнуваат, вели Др Коровешоска.

Морбилите се заразна болест која може да предизвика голем број компликации. Ги напаѓа белите дробови, слухот, предизвикува менингит, а влијае и на останатите органи. Посебно се опасни за бремените жени.

Сите оние кои не се вакцинирани обавезно да се вакцинираат бидејќи докажано е дек МРП не е причина за аутизмот. Фамата која се крена е поради едно истражување на лекар од Англија кој тврдеѓе дека вакцината е поврзана со аутизмот, но тоа беше демантирано а лекарот ја изгуби лиценцата. Уште еднаш повторувам дека неопходно е децата да се вакцинираат од мали сипаници, вели Д-р Коровешоска.

Неодамна десетмесечно бебе од Пловдив почина од мали сипаници, а и во Романија имаше 21 смртен случај од оваа заразна болест. Земјите од регионов силно се погодени од појавата на морбили па се стравува дека може многу лесно да се пренесат и во Македонија особено сега кога доаѓа летниот период па движењето на граѓаните е зголемено. Светската здравствена организација предупредува да се зголеми опфатот за вакцинирање за да се создаде колективен имунитет. Во Македонија, објаснуваат од Министерство за здравство, повеќе нема колективен имунитет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top