Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Членките на женскиот лајанс клуб „Деница“ денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца  и готвачот со рецепти „Гответе со Деници“. Средствата од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за дете со оштетен вид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден.

Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се одржа на 1ви април, вели Марија Филева Стоев, пиар во клубот Деница.

Штандот со интересирање го посетуваа минувачите, купуваа по некое јајце,а домакинките го разлистуваа готвачот во кој можат да се најдат навистина интересни рецепти. Повеќето и купија по еден примерок.

Хуманитарната акција што ја спроведува клубот многу ми се допаѓа и треба се почесто да има вакви акции со кои ќе им се помага на болни, сиромашни, вели Вера Димитриеска, една од купувачите на готвачот.

Средствата од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за дете со оштетен вид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top