Вози одговорно порачуваат од Општинскиот Совет за безбедност

За Велигденските празници ќе има засилено присуство на полициски службеници на сите пофрекфентни улици и места во градов. Заеднички совесно и одговорно да учествуваме во сообраќајот за да влијаеме врз севкупната сообраќајна безбедност во Охрид, побара Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

 |  Николоска Биљана  | 

Вози одговорно! Животот е во твои раце. Општинскиот Совет за безбедност ги започнува своите активности, во пресрет на летната туристичка сезона со цел превентивно да се влијае врз сите категории на учесници во сообраќајот. Стефан Димоски претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот појаснува дека овој проект е насочен пред се за пешаците, велосипедистите, моторциклистите и возачите, со цел да се подигне нивото на свеста и одговорното учество во сообраќајот.

„Пред се сакаме на овој потег на почетокот на магистралниот пат кон Кичево каде што имаме и изградба на автопат да апелираме до сите учесници во сообраќајот до возачите, да го прилагодат свото движење на патничките и другите моторни возила на пропишаната брзина, да влијаат со тоа на севкупната сообраќајна безбедност“

Димоски со апел, во пресрет на велигденските празници кога фрекфенцијата на сообраќај е зголемена, пешаците, велосипедистите моторциклистите, возачите да внимаваат едни на други.

„Заеднички совесно и одговорно да учествуваме во сообраќајот и на тој начин да влијаеме врз подобрувањето на севкупната сообраќајна безбедност во Охрид и на тој начин да се намали можноста за случување на сообраќајни незгоди“

Димоски смета дека севкупната безбедност во Охрид е на високо ниво. Придонес за тоа имаат полициските службеници во сите сегменти на полициското работење, додава тој. За Велигденските празници ќе има засилено присуство на полициски службеници на сите пофрекфентни улици и места во градов, каде што се очекува зголемен број на возила и движење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top