Езерото да не се дава под концесија!

Екологистите бараат – крај за рибокрадците кои во моментов владеат со езерото.

 |  Татјана Маленкова  | 
Borce Stojanoski
Борче Стојаноски

Екологистите од Охрид бараат конечно да се реши проблемот со рибокрадците во Охридското езеро. Тие порачаа и дека треба да се формира едно мешовито претпријатие меѓу Македонија и Албанија, со цел да се стави целосна контрола на езерото.

„Од денеска започнуваме да работиме пожестоко, со цел да се решат еклошките проблеми кои ги потенциравме во изборната кампања. Денеска се навршуваат 9 години од почнувањето на нашите заложби за состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро и 6 години откако беше одземена концесијата на АД „Охридска пастрмка“, кое стопанисуваше со езерото“  велат екологистите од Охрид.

Претседателот на ЕД „Грашница“ Борче Стојаноски, се наврати на времињата кога врз екологистите беше вршен притисок со закани за губење на работните места поради нивните еколошки ангажмани. „Јас ја издржав битката и се надевам дека ќе бидам во заслужните кои ќе придонесат да се поврати пастрмката. Ние како екологисти, ќе направиме се секој месец да имаме средби со министрите, а на секои два месеци и со премиерот Никола Груевски.
ekologistiЗнаеме дека во Р. Албанија има легален и нелегален улов. Па ако ние како држава правиме напори за нејзина заштита тоа треба да го прави и нашиот сосед, затоа што за рибата нема граници“ додаде Наумоски.

Ставот на екологистите е езерото да не се дава под концесија. За овој чекор предлагаат да се сочека 2014 год., бидејќи таа година ќе биде пресудна за повраќање на рибниот фонд на Охридското езеро. До тогаш ќе помине доволно време за пастрмката полово да созрее, велат од Грашница.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top