Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца

Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца. Дел од средствата општината ги обезбедила од Министерството за Локална самоуправа, а дел кофинансира и самата општина со средства од буџетот. Целта е да се подобри квалитетот и условите на живеење во руралните средини, вели градоначалникот Игор Трајкоски.

 |  Николоска Биљана  | 

Општина Дебрца продолжува со градежните активности околу реконструкција на Домот на култура во Лешани. Минатата година за таа намена, Бирото за регионален развој од Скопје преку Министерството за Локална самоуправа на општина Дебрца и додели средства во висина од 3 милиони денари, а исто толку средства од својот буџет одвои и општина Дебрца.

„Практично тука планираме да го сместиме училиштето деветтолетката и да имаат и самите ученици подобри услови за работа, меѓутоа оставивме и простор за жителите кои што сакаат да одржат состаноци или да се дружат, значи во самиот комплекс да има и таква намена“

Како што појаснува Трајкоски, со реконструкција на домот добиваат нов современ репрезентативен објект, кој ќе им послужи и на наредните генерации да можат во адекватни услови да изведуваат бројни културно образовни активности и манифестации.

„Оваа година пред неколку дена започнавме со реконструкција на културниот дом во село Злести, меѓутоа чекаме одобрение за дополнителни средства од страна на Министерството за Локална самоуправа, Бирото за регионален развој и аплицирано е некаде околу 3 милиони денари, да видиме колку ќе ни одобрат, практично со наше кофинансирање ќе го завршиме и тој културен дом“

Трајкоски потенцира дека општина Дебрца ова го прави по барање на мештаните. Тој појаснува дека со реконструкција на домовите во руралните средини ја исполнуваат поставената цел, создавање услови за подигнување на културниот живот во на месното население како и обезбедување на простории за разни таргет групи и активности поврзани со потребите на мештаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top