Во Охрид одбележан Светскиот Ден на здравјето

Преку спорт игра и дружба да се каже не на употребата на дрога, алкохол и цигари. Младите охриѓани на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми април и оваа година промовираа здрави животни навики.

 |  Николоска Биљана  | 

Децата од рана возраст треба да ги воспитуваме за опасностите кои ги демнат, како и постојано да ги предупредуваме за лоши навики кои предизвикуваат сериозни оштетувања на организмот, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми Април.

„Даваме силен допринос од една страна кон негување на здравите животни навики уште од најрана возраст и од друга страна тоа пртетставува еден од начините на кој што општеството односно заедницата ќе се бори против пориците во општеството односно против лошите животни навики пред се пушењето, дрогата и алкохолот. Ваквите активности треба да бидат подржани од сите субјекти од едно општество, општина охрид ќе ги поддржува ваквита манифестации и активности

Денешниот настан е во организација на општина Охрид со поддршка од СВР Охрид, Црвен Крст Охрид, Извиднички одред „Пионер“, детската градинка Јасна Ристеска и основните училишта. Претседателот на ОО на „Црвен Крст“ Сашо Точко истакна дека годинeшниве активности биле во знакот на едукација на младите за укажување на прва помош.

„Тоа го прават нашите инструктори, тренери и тимови, а всушност и една промоција на првата помош и најава за општинскиот натпревар по прва помош кој ќе се реализира во првата недела на месец мај на кој ќе учествуваат преку 20 екипи од сите основни и средни училишта многу е битно да се даде акцент на овој светски ден на здравјето за здравите животни навики пред се физичката активност како во последно време она што се промовира во светот и што се практикува како најважна активност која што води кон здрав живот“

По повод Светскиот ден на здравјето, во паркот наспроти Центарот за култура, младите и годинава ги одржаа традиционалните спортски игри под мотото „Живеј здраво – живеј безбедно“. Присутни беа и извидниците од одредот „Пионер“, основните училишта имаа своја екипа , волонтерите од Црвен Крст презентираа техники за укажување прва помош, а најмладите од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ цртаа композиции поврзани со здравиот живот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top