ПЕИ до ДИК ќе достави приговори за 22 избирачки места.
„Ако вака сакаше да победи кандидатот од ДУИ Рамиз Мерко, тогаш во Струга воопшто не требаше да се организираат избори. Ги наполнија кутиите и затоа резултатите се во негова корист“, вели против кандидатот од ПЕИ, Фијат Цаноски.
Цаноски тврди, дека активисти на ДУИ, по налог на Рамиз Мерко, во вториот изборен круг масовно ги полнеле кутиите. За разлика од порано, овој пат фалсификатот бил на, како што рече културен начин, преку семејно гласање -едно лице да гласа за 30 лица, и тоа за луѓе кои се надвор од Македонија, кажува Цаноски. Овој пат своето право на глас го искористиле 32 300 гласачи, 4 илјади повеќе од изборите пред 8 месеци, објаснува тој. и додава дека сите тие 4 илјади гласови се од луѓе кои не се со постојан престој во Македонија.
Цаноски уште тврди дека во 22 избирачки места воопшто не бил запазен избирачкиот процес, односно бил нарушен член 151 од изборниот законик. Се гласало без лични карти, со фотокопии, здравствени книшки дури и кредитни картички. Набљудувачите од ПЕИ речиси и да немале пристап да извршат контрола на идентификацијата на секој гласач.
Тој на денешната прес конференција апелира до надлежните, како и Владата на ВМРО ДПМНЕ заедно со ДУИ, да го спречат, како што рече, криминалот кој го вршеле кандидатот Рамиз Мерко под диригенција на неговиот ментор Арменд Кадриески. Цаноски е убеден оти доказите, кои заедно со приговорите ќе се достават до ДИК, се доволно издржани за да се поништи гласањето на избирачките места. Доколку се случи тоа, тогаш Мерко ќе има 4 илјади помалку од оние кои ги освои, додава градоначалничкиот кандидат од ПЕИ. За гласините кои кружат во градот, дека група граѓани ќе организираат мирни протестити во знак на револт за недемократските избори во Струга, Цаноски рече дека ќе ги подржи граѓаните, со цел вистината да излезе на виделина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град