Мекларен и Ферари ја плакаат цената на минатите успеси

Мекларен на светскиот шампион Луис Хамилтон и конструкторскиот првак Ферари, кои лошо ја почнаа сезоната 2009 во Формула 1, ја плаќаат цената на минатите успеси, смета Рос Браун.

 |  Крсте Голабовски  | 
bolid
болид

Мекларен на светскиот шампион Луис Хамилтон и конструкторскиот првак Ферари, кои лошо ја почнаа сезоната 2009 во Формула 1, ја плаќаат цената на минатите успеси, смета Рос Браун.

Сопственикот на Браун ГП, кој води во двете конкуренции по победите во двете досегашни трки, на известувачите од Малезиското гран-при им изјави дека тешкотиите на неговите ривали се директен резултат на битката за титулата лани.

„Тоа е рефлексија на тоа што се случуваше во минатите година или две“, смета Браун, некогашен технички директор на Ферари што го предводеше Михаел Шумахер до седум титули како возач на Бенетон и подоцна на тимот од Маранело.

„Мекларен и Ферари се бореа за титулата и можам да разберам дека им беше тешко да кажат ’видете, ќе престанеме да форсираме годинава и ќе ги насочиме нашите напори кон следната сезона“.

bolidВо овој спорт се случија големи промени, пред се’ во однос на враќањето на мазните гуми и на целосно ревидираната аеродинамика, како и со воведувањето на КЕРС. Наместо да се занимаваат со развој, дизајнерите мораа да почнат од нула и да излезат со нови решенија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top