Стружанец заработи кривична за бесправно градење и узурпација на недвижност

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга.

По примена пријава од граѓани, извршен е инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Притоа, утврдено е дека  пријавениот Ш.О. како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3×1,3метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга.

Поради констатирани незаконитости, општинската градежна инспекција-Струга донесла решение и заклучок за отстранување на градбата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top