Охриѓани ги избраа, неофицијално старо-новиот градоначалник Александар Петрески и Ѓорге Иванов, новиот шеф на државата.
Охриѓани ги избраа, неофицијално старо-новиот градоначалник Александар Петрески, кој втор пат ја добива довербата на граѓаните и Ѓорге Иванов, новиот шеф на државата. Граѓаните со позитивен став за тоа како помина изборниот процес на петтите локални и четвртите претседателски избори.
Во анкетата што ја направи ТелевизијА ТВМ, поголемиот дел од граѓаните се изјаснија дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.
Од градоначалникот и претседателот на државата пак, граѓаните очекуваат Охрид и Македонија да ги направат подобро место за живеење.
На локалните и претседателските избори во Охрид, според единствениот избирачки список право на глас имаа 53.905 гласачи. Според ОИК, својата граѓанска должност ја оствариле 62,86% од граѓаните, односно на изборите излегле 33.878 гласачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град