стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред
Ноќеска во 2 часот, Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот.
Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад кога започнува зимското сметање на времето.
Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда на енергија, а сега се применува во 70 земји.
Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град