Хотелиерите со полна пареа се подготвуваат за новата туристичка сезона

Хотелиерите со полна пареа се подготвуваат за новата туристичка сезона. Од април пристигнуваат првите тури со странски гости, а од месец мај доаѓаат холанѓаните кои на охридско-струшкото крајбрежје ќе ги има до октомври. Очекуваат успешна сезона и се надеваат дека политичките случувања во државава нема негативно да се одразат врз туризмот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Јапонци, кинези, корејци, пољаци, но и гости од Иран од повисоката класа ќе престојуваат ова лето на охридско-струшката ривиера. Веќе од месец април има доста закажани тури со кои ќе доаѓаат туристи од овие земји, а во почетокот на мај започнуваат да доаѓаат холанѓаните кои ќе бидат присутни се до октомври. Хотелиерите забрзано се подготвуваат за престојнава сезона само се надеваат дека нема да има никакви немили настани во државава кои негативно ќе се одразат на туризмот.

Очекуваме една добра сезона ако ситуацијата во државата биде стабилна. Минатата година беше избегличката криза претходната беше инцидентот во Куманово. Се надеваме дека оваа година нема да имаме никакви проблеми и дека ќе добиеме една максимална бројка на туристи поголема од минатите години, вели Блажески.

Хотелските капацитети со кои располагаме на охридско-струшкото крајбрежје се речиси сите реновирани и осовременети, вели Блажески. Се трудиме да им понудиме на гостите пријатни услови за престој кои ќе ги задоволат и највисоките стандарди, додава тој. Но, од година во година се јавува потребата за зголемување на бројот на соби па затоа се залагаме за изградба на нови објекти. Тука наидуваме на потешкотии околу административните работи и вцртувањето на новите објекти во Деталниот урбанистички план. Околу угостителската понуда веќе се надминуваат стереотипите па гастрономијата станува се поважен дел во развојот на туризмот, објаснува претседателот на ХОТАМ.

Се отвараат нови коктел барови, нови летни клубови, се отвараат нови ресторани со различни менија, не се нуди веќе само скара, шопска салата и пиво туку има многу поразноврсна понуда што ќе ги задоволи вкусовите на гостите од различните земји, вели Блажески.

И ова лето туристите од Холандија, Англија и Германија ќе доаѓаат преку чатер летовите на Корендон и Фибула травел, а планирано е да се воведе уште една линија од Амстердам до Охрид со која ќе доаѓаат холанѓани во текот на цело лето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top