Филмоција во Охрид

Филмската Академија во Охрид  го организира својот втор студентски филмски фестивал. Тој полека ама сигурно станува меѓународен. Прикажаните филмови ќе бидат наградени и тоа според гласовите на публиката кои ќе се базираат на емоциите кои ги побудил филмот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Филмоција во Охрид. Институтот за филм – Филмска Академија Охрид го организира својот втор студентски филмски фестивал. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна Гора, Универзитетот Јашар од Турција и Национална Академија за Театар и Филм од Бугарија.

Нас основната идеја ни беше овој фестивал да биде меѓународен. Но сепак се одлучивме да почниме скромно со студенти од кај нас и од околните земји. Сега веќе се поставени стандардите за да продолжиме понатаму па се надевам дека наредните изданија ќе бидат уште поуспешни, вели Димитар Димоски, уметнички директор на фестивалот Филмоција.

Официјалното отворање на фестивалот започна синоќа со филмот “90 Minutes – Berlin Project” на Иво Трајков. Покрај проекција на десеттина филмови во рамките на фестивалот се предвидени и повеќе работилници кои ќе бидат предводени од продуценти и кинематографи. Најдобрите филмови ќе бидат наградена, а за тоа одлучува публиката.

Студентите добиваат ливчиња пред секоја промоција на филм па потоа гласаат. Најинтересно е што не се гласа според некаков квалитет или кинематографија туку според емоции, објаснува Димоски.

Во недела кога и завршува фестивалот, ќе биде прикажан и еден цртан филм кој ќе биде пропратен со музика во живо, а најмладите ќе можат да уживаат и во анимираниот филм кој ќе се прикаже во 11часот. Влезот е бесплатен за сите посетители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top