Во вторник седница на советот на Општина Охрид

На почетокот на наредната недела, вторник, 14-ти март, охридските избраници во советот, повторно ќе заседаваат. На дневен ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат, Извештаите за работа во 2016 и реализираната програма на одделенијата и секторите при локалната самоуправа.

 |   | 

Ќе се расправа и за финансиското работење и годишна сметка на училиштата, како и за извештаите за работа и остварени резултати на јавните претпријатија.

Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуките за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, исплатата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН за потрошена електрична енергија, годишниот план за вработување во ЈП „Билјанини извори“ за 2017 година, како и предлог одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека Табана – Канео – Лабино.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top