Дополнително вакцинирање во тек

Дополнителното вакцинирање против Мали сипаници, заушки и рубеола, сеуште е во тек.

 |  Татјана Маленкова  | 
vakcina
вакцина

Дополнителното вакцинирање против Мали сипаници, заушки и рубеола, сеуште е во тек.

Заводот за здравстевена заштита располага со 1600 дози вакцини за Охрид, Струга и Дебар. Досега во општина Охрид регистрирани се 24 случаи на заболени од заушки.

Во заводот за здравствена заштита и денес се вршеше вакцинирање против МОРБИЛИ, ЗАУШКИ и РУБЕОЛА. Од заводот велат дека денешниот ден им е работен, за на студентите , кои за викенд си доаѓаат дома, да им се овозможи, да се вакцинираат.

Од 19 март од кога започна дополнителното вакцинирање во заводот за здравствена заштита вкупно се вакцинирани 350 лица. Овој зафат на заводот ги опфаќа лицата со наполнети од 20 до 26 години.

Jovanka KorovesoskaВакциналниот статус на лицата им е запишан во здравстевните книшка, а кај оние каде не е заведен, од заводот за здрвствена заштита податоци за лицето бараат според името и презимето во книгите за евиденции.  

„Оние лица за  кои ќе утврдиме дека не имаат примено вторта доза ги повикуваме со покани, за да ја примат, а со тоа да бидат комплетно имунизирани против ПАРОТИТОТ, вели Коровешоска.

Досега во општина Охрид регистрирани се 24 случаи на различни воздрасти на заболени од заушки и тоа 2 во јануари и по 11 во февруари и март.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top