Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал.
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал.
Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК “Сатеска” од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачи, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.
Фудбалското игралиште во Волино првенствено ќе го користи првиот тим на ФК “Сатеска” – Волино, а ќе биде ставено на располагање на сите жители за спортување, рекреирање и за натпреварување, a воедно игралиштето ќе биде место за собирање и дружење на младите и постари генерации.
– Верувам дека ова фудбалско игралиште ќе излезе во пресрет на фудбалскиот клуб ФК “Сатеска”, како и на потребите на жителите на Волино, пред се на младите, кои тука ќе може да се рекреираат, да спортуваат и да ги развиваат своите спортски вештини, но и на повозрасните кои ќе може тука да се рекреираат, истакна Градоначалникот Трајкоски.
За реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 1.484.286,0 денари со пресметан ДДВ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град