Кривична за жител на Радолишта за кражба на возило

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга  поднесе  кривична пријава против Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга  поднесе  кривична пријава против Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта.
     
Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 22/23 минатиот месец на улицата „Туристичка“ во Струга, каде забележал незаклучено  паркирано патничко моторно возило  марка „Ауди“ со американски регистарски ознаки. Веднаш, влегол во возилото, ја отворил хаубата,  поставил кабли (клеми), го стартувал автомобилот и одземајќи го избегал од местото на настанот.
Одземањето на патничкото моторно возило, во полициската станица  во Струга е пријавено на 23-ти минатиот месец, по што беа преземени неопходните оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top