ДУП за 1 УЗ си доби комисија

Се формира комисија која ќе ги разгледува приговорите за нацрт ДУП за 1 УЗ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
DUP
ДУП

Овој пат таа ќе биде дополнета со уште два члена. Се очекува да започне со работа по завршувањето на локалните избори.

Во тек е комплетирањето на комисија која ќе ги разгледува поднесените предлози, забелешки и сугестии од граѓаните за нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, досега во оваа комисија членуваа- по еден претставник од Секторот за урбанизам, од кај изработувачот на урбанистичкиот план и еден надворешен член.

DUPПоради специфичноста на нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница, овој пат разгледувањето на поднесените анкетни листови ќе го врши пет члена комисија. Таа ќе биде дополнета со уште два члена: претставник од Завод и музеј- Охрид и од месната заедница.    
По разгледување на забелешките, нацрт планот ќе биде повторно испратен за преработка кај изработувачот. Од Сектор за урбанизам најавуваат дека по извршените измени ќе следи уште една јавна анкета. На неа жителите на овој дел од градот повторно ќе имаат право да поднесуваат забелешки, кои потоа повторно ќе ги разгледува 5 члената комисија, по што ќе следи испраќање до изработувачот. Дури потоа, се очекува нацрт планот да биде презентиран пред советниците, по што тие ќе треба да се изјаснат за или против.   

Инаку, организираната јавна анкета која требаше да заврши на 23 март, поради преголемиот интерес на граѓаните беше продолжена за уште 7 дена, односно заклучно 30 март.

Нацрт ДУП за 1 УЗ зафаќа површина од 42, 70 хектари и ги опфаќа улиците: илинденска, Кирил и методиј, Абас Емин, Туристичка, Пирин планина, дел од Васил Стефоски, реката Грашница и Охридското езеро.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top